Тригодишно Стручно Образование

Согласно Законот за стручно образование и обука, во СУГС “Георги Димитров” постојат два вида на стручно образование и обука:

  • стручно образование во траење од три години СТОЛАР и
  • стручно образование во траење од четири години .

Стручното оспособување во Шумарско-дрвопреработувачката струка

со тригодишно траење на образованието, во нашето училиште  се одвива во една

квалификација – СТОЛАР.

carpenter, plane, shavings-4015109.jpg

Столарот е оспособен за вршење на следниве работи и работни задачи:

  • планира, следи и организира работни процеси во изработка на производи од

дрво (градежна столарија, мебел и ентериер, музички инструменти);

  • ракува со алатите, машините, уредите и опремата;
  • рационално користи, чува и одржува опрема;
  • открива и отстранува дефекти кај машините и уредите;
  • изработува производи од дрво;
  • применува современи технологии за производство на производи од дрво;
  • склопува и монтира производи од дрво
  • користи комјутерска технологија;
  • препознава грешки кај дрвото;
  • креира финални производи;
  • води мал бизнис.

Столарите се вработуваат во индустријата, градежништвото и занаетчиството.

Столарите можат да водат и сопствена занаетчиска работилница