ОЛИМПИЈАДА ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

Учениците од IV година од средното училиште СУГС „Георги Димитров“, беа дел од Олимпијадата по француски јазик, којашто се оддржуваше од 27 – 30 Септември во Кишињев, Молдавија. Учество земаа 6 ученици од кои двајца беа од нашето училиште. Ги прашавме Милан Јанкуловски и Катја Зендалски за нивното искуство таму и ни одговорија: “За нас двајца ова беше незаборавно и забавно искуство, таму се запознавме со деца од други земји, тоа нам ни помогна да се запознаеме со нивната култура, традиции како и начинот на кое функционира образованието во нивните земји. Воедно нам Олимпијадата ни овозможи да стекнеме нови знаења како и другарства и моментите таму ќе ги паметиме засекогаш.”