Стручно образование

Стручното оспособување во Секторот Шумарство и обработка на дрво со четиригодишно траење на образованието, во нашето училиште  опфаќа две квалификации, распределени во три паралелки и тоа :

Eдна  Техничар за пејзажен дизајн  и две Техничар за мебел и ентериер.

Наставната програма е модуларно дизајнирана со зголемен број часови практична настава.

Техничар за мебел и енетриер

Техничарот за мебел и енетриер е оспособен за вршење на следниве работи и работни задачи:

  • планира, следи и организира работни процеси во изработка на финални

производи од дрво;

  • ракува со алатите, машините, уредите и опремата;
  • рационално користи, чува и одржува опрема;
  • открива и отстранува дефекти кај машините и уредите;
  • изработува финални производи;
  • применува современи технологии за производство на финални производи;
  • користи комјутерска технологија;
  • препознава грешки кај дрвото;
  • дизајнира проекти за мебел и ентериер;
  • креира финални производи;
  • го снима просторот и графички го претставува за ентериерно уредување;
  • води мал бизнис.
  • Се вработува во фабрики за производство на мебел, проектантски бироа за мебели ентериер, салони за мебел, води сопствен мал бизнис итн.

Техничар за мебел и ентериер

Покрај општо образовните предмети, учениците кои го избрале ова подрачје ќе ги изучуваат следните стучни предмети:

Во прва година изучуваат:

  • Современи технологии на економските сектори на пазарот на труд
  • Техничко цртање со нацртна геометрија
  • Машини и алати
  • Анатомија со технички својства на дрвото

Во втора година изучуваат:

  • Материјали
  • Машини и алати за мебел и ентериер
  • Технологија на изработка на мебел и ентериер
  • Елементи на дрвни конструкции
  • Дизајн на мебел и ентериер

Во трета година изучуваат:

  • Машини и алати за мебел и ентериер
  • Технологија на изработка на мебел и ентериер
  • Конструкции на мебел и ентериер
  • Проектирање на мебел и ентериер
  • Математика (изборен предмет)
  • Физика (изборен предмет)
  • Реставрација и конзервација на мебел(изборен предмет)
  • Стилови на мебел (изборен предмет)
  • Индустриски дизајн (изборен предмет)

Во четврта година изучуваат:

  • Проектирање на мебел и ентериер
  • Техничка подготовка на производство
  • Економика и организација на секторот Шумарство и обработка  на дрво
  • Математика (изборен предмет)
  • Физика (изборен предмет)
  • Индустриски дизајн(изборен предмет)
  • Дрвна биомаса (изборен предмет)

Техничар за пејзажен дизајн

Во прва година изучуваат:

  •                   Современи технологии на економските сектори на пазарот на труд
  •                   Техничко цртање со нацртна геометрија
  •                   Машини и алати

Во втора година изучуваат:

  •                   Дендрологија
  •                   Анатомија на дрвото
  •                   Екоклиматологија
  •                   Подигање и нега на зелени површини

Во трета година изучуваат:

  •                   Подигање и нега на зелени површини
  •                   Расадничарство
  •                   Педологија со петрографија
  •                   Урбана дендрологија
  •                   Цвеќарство
  •                   Математика(изборен предмет)
  •                   Биологија(изборен предмет)
  •                   Хемија(изборен предмет)
  •                   Животна средина и одржлив развој(изборен предмет)
  •                   Лековити и зачински растенија(изборен предмет)

Во четврта година изучуваат:

  •                   Расадничарство
  •                   Заштина на растенија
  •                   Проектирање на зелени површини
  •                   Биодекорација
  •                   Историја на паркова уметност
  •                   Математика(изборен предмет)
  •                   Биологија(изборен предмет)
  •                   Хемија(изборен предмет)
  •                   Економика и организација (изборен предмет)