ПРИРОДАТА ВО СКЛАД СО УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ

На ден 27. 11. 2019 год. во училишната библиотека на СУГС ,,Георги Димитров” беше одржана училишна работилница ,,Природата во склад со урбаното живеење” на која присуствуваа библиотекарите Андријана Апостоловска и Ивона Џамтовска- Јанкуловска од ЈУ Градска библиотека ,,Браќа Миладиновци”- Скопје. На работилницата учествуваа ученици од паралелките III-10 и IV-10. Тие работеа во две групи. Првата група ученици истражуваа и ги презентираа следните содржини: Јапонија во пролет – моќна магија на природата, Спатифилум, Најчисти градови во светот, Зошто лисјата ја менуваат бојата во есен?, Кои цвеќиња и растенија се садат во лето?, Растението ,,Бебешки солзи”, Тајниот јазик на цвеќињата. Втората група ученици изработуваа и презентираа содржини на хамер на две теми: ,,Дрвјата – зелен урбан мир” и ,,Дрвја кои најдобро го прочистуваат воздухот во урбаните средини”. Крајот го заокружи напишаниот наслов на табла во вид на уметнички графит испишан од ученикот Давид Димовски од III-10 клас.

Работилницата ја подготвија: Маја Темелковска – училишен библиотекар и дипл. шум. инж. Катерина Пренкова – професор по стручни предмет