За училиштето

Училиштето е изградено во 1964 година по  катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, како помош од Бугарската Влада. Во него се образувани ученици од гимназиска струка се до 1984 година кога започнуваат реформите во образованието.

Во 1989 година училиштето функционира во состав на ДСУ „Здравко Цветковски“ како еден училишен центар, а во него се сместени ученици од дрвопреработувачката струка.

Во 1989 година дрвопреработувачката струка се одвојува како посебно училиште под името „Георги Димитров“.

Во 1998 година повторно се воведува гимназиско образование, а во 2000 година и шумарска струка.

СУГС„Георги Димитров“ – Скопје се наоѓа во централното градско подрачје на главниот град, на територија наопштина Карпош.

Во училиштето се образуваат ученици од :

– четиригодишно гимназиско образование

-четиригодишно стручно образование: шумарство и обработка на дрво (техничар за мебел и ентериер, техничар за пејзажeн дизајн)

– тригодишно стручно образование: шумарско – дрвопреработувачка струка (столар).