ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИ НА ГРАД СКОПЈЕ ВО ШАХ

На 04.11. 2019 во хотелот Александар Палас се оддржа првенство на млади на Град Скопје во шах на кое учествуваа ученици од основните и средните училишта на Град Скопје. Од СУГС „Георги Димитров“ – Скопје учествуваа четворица ученика и тоа: Лазар Петровиќ, Ефтовски Матео, Дамјан Христовски во машка и Ефтовска Леа во женска конкуренција под менторство на проф. Бранко Аврамовски и ги постигнаа следните резултати Лазар Петровиќ прво место, Матео Ефтовски второ место, Дамјан Христовски осмо место, Ефтовска Леа најдобро пласирано ученичка. Учениците се здобија со медали и дипломи за освоените места.