Стручното оспособување во Секторот Шумарство и обработка на дрво со четиригодишно траење на образованието, во нашето училиште опфаќа две квалификации, распределени во три паралелки и тоа :
Eдна Техничар за пејзажен дизајн и две Техничар за мебел и ентериер.
Наставната програма е модуларно дизајнирана со зголемен број часови практична настава.
Техничар за мебел и енетриер
Техничарот за мебел и енетриер е оспособен за вршење на следниве работи и работни задачи:
- планира, следи и организира работни процеси во изработка на финални
производи од дрво;
- ракува со алатите, машините, уредите и опремата;
- рационално користи, чува и одржува опрема;
- открива и отстранува дефекти кај машините и уредите;
- изработува финални производи;
- применува современи технологии за производство на финални производи;
- користи комјутерска технологија;
- препознава грешки кај дрвото;
- дизајнира проекти за мебел и ентериер;
- креира финални производи;
- го снима просторот и графички го претставува за ентериерно уредување;
- води мал бизнис.
- Се вработува во фабрики за производство на мебел, проектантски бироа за мебели ентериер, салони за мебел, води сопствен мал бизнис итн.
Техничар за мебел и ентериер
Покрај општо образовните предмети, учениците кои го избрале ова подрачје ќе ги изучуваат следните стучни предмети:
Во прва година изучуваат:
- Современи технологии на економските сектори на пазарот на труд
- Техничко цртање со нацртна геометрија
- Машини и алати
- Анатомија со технички својства на дрвото
Во втора година изучуваат:
- Материјали
- Машини и алати за мебел и ентериер
- Технологија на изработка на мебел и ентериер
- Елементи на дрвни конструкции
- Дизајн на мебел и ентериер
Во трета година изучуваат:
- Машини и алати за мебел и ентериер
- Технологија на изработка на мебел и ентериер
- Конструкции на мебел и ентериер
- Проектирање на мебел и ентериер
- Математика (изборен предмет)
- Физика (изборен предмет)
- Реставрација и конзервација на мебел(изборен предмет)
- Стилови на мебел (изборен предмет)
- Индустриски дизајн (изборен предмет)
Во четврта година изучуваат:
- Проектирање на мебел и ентериер
- Техничка подготовка на производство
- Економика и организација на секторот Шумарство и обработка на дрво
- Математика (изборен предмет)
- Физика (изборен предмет)
- Индустриски дизајн(изборен предмет)
- Дрвна биомаса (изборен предмет)
Техничар за пејзажен дизајн
Во прва година изучуваат:
- Современи технологии на економските сектори на пазарот на труд
- Техничко цртање со нацртна геометрија
- Машини и алати
Во втора година изучуваат:
- Дендрологија
- Анатомија на дрвото
- Екоклиматологија
- Подигање и нега на зелени површини
Во трета година изучуваат:
- Подигање и нега на зелени површини
- Расадничарство
- Педологија со петрографија
- Урбана дендрологија
- Цвеќарство
- Математика(изборен предмет)
- Биологија(изборен предмет)
- Хемија(изборен предмет)
- Животна средина и одржлив развој(изборен предмет)
- Лековити и зачински растенија(изборен предмет)
Во четврта година изучуваат:
- Расадничарство
- Заштина на растенија
- Проектирање на зелени површини
- Биодекорација
- Историја на паркова уметност
- Математика(изборен предмет)
- Биологија(изборен предмет)
- Хемија(изборен предмет)
- Економика и организација (изборен предмет)