Учениците кои учат гимназиско образование се распоредени во седум паралелки во секоја година . Секоја паралелека може да брои максимум до 34 ученици.
Учениците како прв странски јазик го учат англискиот јазик, а како втор странски јазик учат германски јазик и француски јазик во зависност кој јазик го учеле во основно образование. Постојат и паралелки со кои учениците имаат прилика да изучуваат германски и француски јазик со зголемен фонд на часови. Тоа се специјалните паралелки. Малку повеќе за нив може да прочитате тука.
Учениците во прва година избираат подрачје кое ќе го изучуваат во текот на четиригодишното гимназиско образование. Застапени се подрачјата:
Природно математичко подрачје
-комбинација А
-комбинација Б
Општествено хуманистичко подрачје
-комбинација А
-комбинација Б
Јазично уметничко подрачје
-комбинација А
-комбинација Б