ОТВОРЕН ДЕН

Денешниот ден беше во знакот на промоција на училиштето, со цел сите идни ученици одблиску да се запознаат со струките, предметите како и можностите кои ги нуди ова, наше, училиште.

Отворениот ден, го посети и Министерката за образование и наука, Мила Царовска, која воедно даде огромна поддршка за реализација на дуалното образование, кое во иднина ќе го унапреди и зајакне стручното образованието, првенствено преку зајакнувањето на квалитетот на практичната настава, директна поврзаност со компаниите и можност за вработување веднаш по завршувањето на училиштето.

Училиштето го посетија голем број основци, покажувајќи особен интерес за техничарските паралелки, кои со новата наставна програма претставуваат предизвик и конкурентност на пазарот на трудот, а вообичаено, секоја година, гимназиските паралелки, го привлекуваат вниманието и интересот кај многу идни ученици, како за специјалната германска паралелка, така интересот го будат и учеството на научни натпревари, како и спортските и воннаставните активности.

Секоја генерација си има свој интерес и своја средношколска приказна, со нетрпение ги очекуваме идните генерации за нови предизвици. .