Согласно Законот за стручно образование и обука, во СУГС “Георги Димитров” постојат два вида на стручно образование и обука:
- стручно образование во траење од три години СТОЛАР и
- стручно образование во траење од четири години .
Стручното оспособување во Шумарско-дрвопреработувачката струка
со тригодишно траење на образованието, во нашето училиште се одвива во една
квалификација – СТОЛАР.
Столарот е оспособен за вршење на следниве работи и работни задачи:
- планира, следи и организира работни процеси во изработка на производи од
дрво (градежна столарија, мебел и ентериер, музички инструменти);
- ракува со алатите, машините, уредите и опремата;
- рационално користи, чува и одржува опрема;
- открива и отстранува дефекти кај машините и уредите;
- изработува производи од дрво;
- применува современи технологии за производство на производи од дрво;
- склопува и монтира производи од дрво
- користи комјутерска технологија;
- препознава грешки кај дрвото;
- креира финални производи;
- води мал бизнис.
Столарите се вработуваат во индустријата, градежништвото и занаетчиството.
Столарите можат да водат и сопствена занаетчиска работилница