Германски Јазик
Учениците кои учат гимназиско образование се распоредени во седум паралелки во секоја година . Секоја паралелека може да брои максимум до 34 ученици.
Учениците како прв странски јазик го учат англискиот јазик, а како втор странски јазик учат германски јазик и француски јазик во зависност кој јазик го учеле во основно образование. Постојат и паралелки со кои учениците имаат прилика да изучуваат германски и француски јазик со зголемен фонд на часови. Тоа се специјалните паралелки. Малку повеќе за нив може да прочитате тука.
Во сооработка со Централата за изучување на германскиот јазик во странство (ZfA) од 2008 година во СУГС „Георги Димитров“ почна да се реализира специјализирана програмата по германски јазик со 6 часа неделен фонд. Главна цел на оваа програма е развој на јазичните компетенции кај учениците, практикување на современи методи и техники на предавање странски јазик, можност за стекнување со сертификат за јазик, како и воспоставување на меѓународни партнерства преку училишни програми и проекти. Во рамките на нашите активности, учениците учествуваат на различни проекти, освојуваат многу награди и стипендии и се здобиваат со јазични дипломи.
Во текот на образованието учениците имаат бесплатна можност за полагање на јазични испити на Б1, Б2 и Ц1 ниво и се стекнуваат со светски признати јазични дипломи. Покрај часовите и испитите ученците имаат можност да учествуваат и на регионални работилници и проекти за млади, натпревари по германски јазик, како и можност да аплицираат за стипендија за студирање во Германија.
Оваа програма нуди несекојдневна можност за изучување на германскиот јазик и за стекнување на силни вештини и знаења кои го поддржуваат развојот на една млада личност.