Посета на амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер
Негова Екселенција, амбасадорот на Република Словенија Грегор Прескер денеска ја посети столарската работилница во СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, каде се реализира обука за реставрација и конзервација на стар мебел.
Обуката е дел од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, поддржан од Амбасадата на Словенија во Скопје и Фондот за развој при Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, а имплементиран од Здружението „Дијалог“ – Скопје.
Проектот ги поврзува традиционалните занаети со современото образование и претприемништво, овозможувајќи им на младите да стекнат практични вештини, да развијат бизнис идеи и да создадат одржливи можности за самовработување.
Оваа посета претставува значаен настан за нашето училиште и потврда за квалитетот на стручната настава. Воедно, таа е поттик за понатамошна соработка и развој на меѓународни партнерства.


