Средното училиште на Град Скопје “Георги Димитров” и високотехнолошката компанија за
производство и развој на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули
“PiKCELL GROUP” потпишаа меморандум за соработка на 28.12. 2018 година.
Со овој документ кој беше потпишан од страна на Саша Стоименов, директорот на СУГС” Георги
Димитров”и управителот на PiKCELL GROUP Горанчо Паунов, ќе се воспостави меѓусебна соработка
во интерес на промовирање, искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-
техничките и просторните услови насочени кон унапредување на здравата животна средина,
природата, здравјето на луѓето, едукативните и апликативните активности од областа на
Соларната енергетика и обновливите извори на енергија.
На 13.02.2019 година група ученици предводени од професорите по физика од СУГС”Георги
Димитров” земаа учество во научно- едукативната посета на компанијата PiKCELL GROUP. Учениците
имаа можност директно да присуствуваат при процесот на изработка на соларните модули и да ги
проследат сите последователни чекори за добивање на финален производ. Во рамките на посетата
на учениците им беше одржано предавање каде особено им беа нагласени позитивните
карактеристики на фотоволтаичните соларни модули како дел од Обновливите извори на енергија
со цел одржување на почиста животна околина.
Линк до слики.