Скопје gdimitrov_sk@yahoo.com

Innovative Maths Teaching

За Проектот

Нашето училиште ја има привилегијата да биде дел од проектот ERASMUS+ 2018/2020 “Innovative Maths Teaching” во кој се изнаоѓаат нови иновативни начини и практики за изучување и примена на математиката. Во овој проект учество земаа професори и ученици од пет различни училишта: MIT SCHOOL од Малага, Шпанија, Liceul Technologic Ticleni oд Тиклени, Романија, Hacɪ Ayşe Ateş Anadolu Lisesi од Истанбул, Турција и I.I.S “U.Pomilio” од Киети, Италија.

20.10.2019

Мобилност во Македонија

Во рамките на ERASMUS + проектот 2018/2020 за “Innovative Maths Teaching” нашето училиште беше домаќин на 4-тата по ред мобилност во кој земаа учество професори и ученици од следниве земји: Турција, Италија, Романија и Шпанија. За времетраењето на оваа мобилност беа организирани екскурзии во Охрид и Битола, со цел да се претстават убавините на нашата земја и да се искуси нашата култура и традиција. Исто така беа посетени многу културно-историски и образовно значајни институции. Освен можноста за запознавање со знаменитостите на нашата земја, се овозможи и размена на култури и склучување на нови долгорочни пријателства, низ низа на активности за подобрување и изнаоѓање на нови начини за изучување на математиката.