Скопје gdimitrov_sk@yahoo.com

Активности

21.06.2021

Лектири за прва година

ДЕЛА ЗА АНАЛИЗА ОД ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА ЛИТЕРАТУРАТА И ЛЕКТИРИ ЗА I ГОДИНА ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ:

Преземи Pdf

21.06.2021

Уписи во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје - второ пријавување

Линк со пријава за упис:

https://mon.gov.mk/content/?id=3850

Конкурс за упис на ученици во училиштето за учебната 2021/2022 година - второ пријавување:

Преземи Pdf

Протокол за упис на ученици во училиштето за учебната 2021/2022 година - второ пријавување:

Преземи Pdf

7.06.2021

Уписи во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

Линк со пријава за упис:

https://mon.gov.mk/content/?id=3850

Информации поврзани со конкурсот за упис на ученици во училиштето за учебната 2021/2022 година:

Преземи Pdf

Протокол за упис на ученици во училиштето за учебната 2021/2022 година:

Преземи Pdf

Во прилог Ви доставуваме информации за избор на подрачје од гимназиско образование

Изборни предмети за 3та година гимнаија

Преземи Pdf

Изборни предмети природно математичко подрачје

Преземи Pdf

26.05.2021

Отворен ден

Денешниот ден беше во знакот на промоција на училиштето, со цел сите идни ученици одблиску да се запознаат со струките, предметите како и можностите кои ги нуди ова, наше, училиште.

Отворениот ден, го посети и Министерката за образование и наука, Мила Царовска, која воедно даде огромна поддршка за реализација на дуалното образование, кое во иднина ќе го унапреди и зајакне стручното образованието, првенствено преку зајакнувањето на квалитетот на практичната настава, директна поврзаност со компаниите и можност за вработување веднаш по завршувањето на училиштето.

Училиштето го посетија голем број основци, покажувајќи особен интерес за техничарските паралелки, кои со новата наставна програма претставуваат предизвик и конкурентност на пазарот на трудот, а вообичаено, секоја година, гимназиските паралелки, го привлекуваат вниманието и интересот кај многу идни ученици, како за специјалната германска паралелка, така интересот го будат и учеството на научни натпревари, како и спортските и воннаставните активности.

Секоја генерација си има свој интерес и своја средношколска приказна, со нетрпение ги очекуваме идните генерации за нови предизвици. .

26.05.2021

Корона пакет на солидарноста

Материјали поврзани со донацијата од збратимениот град на Град Скопје-Нирнберг, проектот Корона пакет на солидарнста

Погледнете ги и видеата:

https://youtu.be/sxNCzCDfCjs

https://youtu.be/GBXKPiarY4Q

https://youtu.be/tlUa6KxI9pU

https://youtu.be/fWnPeEtDijo
17.05.2021

Зошто во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

Отворен ден

На 26.05.2021 година во 10:30 часот ве покануваме во просториите на нашето училиште, директно да се запознаете со придобивките и можностите кои ги нуди гимназиското и стручното образование, со акцент на дуалниот концепт на образование.

Дуалното образование нуди партнерство на нашето училиште со локални компании што подразбира повеќе практична настава за учениците и овозможува стекнување вештини кои исполнуваат услови за работен ангажман веднаш по завршување на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

Погледнете зошто во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

https://www.youtube.com/channel/UCC3VmdqjapSCtA-C2naDSjg

10.05.2021

Набавка на современи машини за обработка на дрво

Изјава на Министерката за образование Мила Царовска:

http://m.facebook.com/story.php?story_fbid=893599627852746&id=153058271906889

20.04.2021

Оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2021/2022

На овој линк може го симнете конкурсот:

Преземи Pdf

17.05.2021

Зошто во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

Отворен ден

На 26.05.2021 година во 10:30 часот ве покануваме во просториите на нашето училиште, директно да се запознаете со придобивките и можностите кои ги нуди гимназиското и стручното образование, со акцент на дуалниот концепт на образование.

Дуалното образование нуди партнерство на нашето училиште со локални компании што подразбира повеќе практична настава за учениците и овозможува стекнување вештини кои исполнуваат услови за работен ангажман веднаш по завршување на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

Погледнете зошто во СУГС „Георги Димитров“ - Скопје

https://www.youtube.com/channel/UCC3VmdqjapSCtA-C2naDSjg

10.05.2021

Набавка на современи машини за обработка на дрво

Изјава на Министерката за образование Мила Царовска:

http://m.facebook.com/story.php?story_fbid=893599627852746&id=153058271906889

20.04.2021

Оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2021/2022

На овој линк може го симнете конкурсот:

Преземи Pdf

20.04.2021

Конкурс за избор на ученик на генерација 2017/2021

На овој линк може го симнете конкурсот:

Преземи Pdf

20.04.2021

Конкурс за избор на ученик на генерација 2017/2021

На овој линк може го симнете конкурсот:

Преземи Pdf

24.11.2020

Препораките за однесување на наставниците и учениците за време на наставата од далечина

На овој линк може ги симнете препораките:

Преземи Pdf
18.09.2020

Распореди на часови за учебната 2020/2021

Распоред за настава на далечина за гимназиско и за стручно образование

На овој линк може го симнете распоредот:

Преземи Pdf

Распоред за практична настава со физичко присуство за стручно образование

На овој линк може го симнете распоредот:

Преземи Pdf

Распореди за времетраење на часовите за учебната 2020/2021

Распоред за настава на далечина за гимназиско и за стручно образование

На овој линк може го симнете распоредот:

Преземи Pdf

Распоред за практична настава со физичко присуство за стручно образование

На овој линк може го симнете распоредот:

Преземи Pdf
16.03.2020

Известување за прекин на воспитно-образовниот процес во училиштата и заштита од корона вирусот

Владата на Република Северна Македонија на 15-та Седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравствоја донесе следнава мерка: Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.

Се со цел навремено информирање, превенција, заштита и да не дојде до ширење на лажни вести сите информации, препораки, прашања, одговори и вистини за корона вирусот можете да ги најдете на страната на Министерството за здравство

Официјална веб страна на Министерство за здраство на тема корона вирус:

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
02.03.2020

Ден на училиштето

Денот на училиштето го одбележавме со организација и реализација на повеќе различни активности во период од 24-28.2.2020

Во текот на целата работна недела, во училишниот хол беше поставена ликовна изложба на теми од наставната програма за прва и втора година. За избор на ликовни творби кои беа претставени одговорен наставник е Лидија Г. Пејковска.

На ден 26.2.2020 (среда) во Драмскиот театар се одржа свечена програма со повеќе пригодни активности и тоа: настап на училишниот хор со две хорски изведба, рецитал, танц, сценски перформанс, stand up и настап на гостински бенд. Одговорни наставници за организација на настанот- Марина Иванова, Јулија К. Огненоска и Ана Костовска.

На 27.2.2020 (четврток) во училишниот хол се одржа ораторска средба на слободна тема на која учествуваа повеќе ученици од училиштето под менторска палка на наставниците Сузана Димитриевска, Лидија Бошковска и Александар Давидовски.

На 28.2.2020 (петок) се одржаа повеќе спортски натпревари во организација на активот по спорт. Натпреварите се одржаа во училишната спортска сала и на училишните терени.

25.12.2019

EUROCLASSICA 2019

На 24.12.2019 год. во нашето училиште се одржа Меѓународно тестирање по Латински јазик организирано од Европскиото здружение – Еврокласика, под менторство на наставникот по Латински јазик Ленче Мишова.

На тестирањето учествуваа ученици од четврта година и според освоените бодови се стекнаа со:

Златен медал: Никола Симоновски IV3, Моника Гроздановска IV3, Сара Стојковска IV3, Бони Костиќ IV7

Сребрен медал: Анастасија Шиаковска IV7, Ивона Иванова IV7

Бронзен медал: Евгенија Трајковска IV7

Наградените ученици ќе добијат диплома од Еврокласика. Им се заблагодаруваме на учениците кои учествуваа на тестирањето и им честитаме за освоените награди

23.12.2019

Имплементација на конвенцијата за правата на децата

Во периодот од 4.12 до 20.12.2019г. во рамки на проектот “Имплементација на конвенцијата за правата на децата” на коалиција СЕГА во соработка со нашето училиште се одвиваше интеркултурна размена во областа Троген, Швајцарија во детското село Песталоци. Во размената беа вклучени 40 ученици од Македонија од кои 8 беа ученици од С.У.Г.С “Георги Димитров” и 40 ученици од Белорусија и Германија. За време на размената се одржуваа работилници на тема дискриминација, идентитет, родова еднаквост и тимска работа, сето тоа беше изведено на интересен начин кој поттикнуваше комуникација меѓу учениците. Со стекнатите знаења во текот на двете недели учениците самостојно ќе спроведат 8 тематски работилници во различни врснички групи. Во слободното време беа изведени екскурзии во градовите Луцерн, Цирих и Ст. Гален, исто така беа посетени музејот на наука Технорама, Водопадите на Рајна и врвот на Алпите Сантис 2502м.

11.12.2019

Изложба на инклузивни ученички клубови

Нашето училиште активно се вклучи во Проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ финансиран од Европска унија, а спроведуван од Фондацијата „Чекор по чекор“. Проектот ја подржува инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани по мерка на лицата/младите со попреченост. Проектот се спроведува од март 2018 до февруари 2020 година. На изложбата беа преставени изработки од учениците кои ги изработија во рамките на Еколошката и Хортикултурната секција на нашето училиште. Одговорни наставници за Еколошката секција се Маргарита Грнчиштанова, Нада Јанковиќ и Мери Стаменковска, а одговорни наставници на Хортикултурна секција се Силвана Петковска и Катерина Пренкова.

10.12.2019

Чисто Тафталиџе

Учество на ученици од СУГС „Георги Димитров“ - Скопје на Еко акција во организација на училишниот парламент на ден 10 Декември, локација нас. ТАФТАЛИЏЕ

10.12.2019

Одбележување на 3 Декември-Меѓународен ден на лица со попреченост

Во нашето училиште по повод 3 Декември-Меѓународен ден на лица со попреченост се одржа работилница на која учениците изработија „Book“- маркери на кои напишаа пораки за правата и можностите на сите ученици. Со пораките сакаат да влијаат на подигање на свеста кај соучениците за прифаќање на сите ученици без разлика на нивната попреченост, вера, националност или било каква разлика која постои меѓу нив. Разликите не треба да разделуват туку да зближуваат и обединуваат . „Book“- маркерите ќе бидат оставени во училишната библиотека каде ќе бидат поделени на учениците-читатели при позајмување на книги.

Очекуваме дека учениците ќе бидат информирани за врсничките различности на било која основа и надминување на предрасудите, а со тоа се надеваме дека ќе придонесеме да се изгради едно подобро инклузивно училиште и инклузивно општество. Одговорни наставници Надица Т.Јанева, Мери Стаменковска, Маја Темелковска

02.12.2019

Безбеден град

Во рамки на проектот „Безбеден град“ на 27 ноември 2019 година учениците од нашето училиште се вклучија во активноста „Сопри го насилството, не го разгорувај“ во рамките на кампањата против говорот на омраза, која ја спроведуваат Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Министерствотот за внатрешни работи. Учениците се возеа низ градот во автобус од јавното градско сообраќајно претпријатие, кој е обележан со мотото „Насилството раѓа насилство. Сопри го, не го разгорувај“. За време на возењето, претставници од полицијата им одржаа интерактивно предавање во коешто се дискутираше за видовите насилство и најчестите причини за насилство според статистичките податоци на полицијата. Учениците добија совети како да ги избегнуваат ситуациите кадешто може да произлезе насилство од било која причина и како да пријават доколку се директни или директни учесници во конфликт. Облечени во маички со мотото на кампањата, учениците им делеа на граѓаните летоци со коишто ги потсетуваат дека на насилствотото не се враќа со насилство и дека треба сите ние совесно да реагираме за негово спречување. Учениците беа едногласни за тоа дека сите треба да се чувствуваме безбедно на јавните места, како што се улиците, местата за дружба, градскиот превоз и општо, секаде кадешто се движиме во текот на денот. Целна група на оваа кампања најмногу е едуцирањето на младите, бидејќи тие се носители на иднината и треба да се градат во личности коишто знаат да почитуваат, да бидат совесни и да уживаат во слободата и своите права без да ги загрозуваат правата на другите.

02.12.2019

Шах на отворено

На 29 11 2019 учениците Лазар Петровиќ, Матео Ефтовски, Леа Ефтовска и Дамјан Христовски присуствуваа на отварање на зелениот покрив на ГТЦ каде што изиграа ревијална партија шах на отворено под покровителство на Град Скопје.

02.12.2019

Предавање од адвокати на часот по Вовед во право

Учениците во СУГС ,,Георги Димитров” имаа можност да се запознаат со Ана Колевска и Светлана Трендова од Адвокатското друштво - АПОСТОЛСКА И ПАРТНЕРИ Скопје, чија сфера на работа се индустриската сопственост, патенти, трговски марки, индустриски дизајн, корпоративното и трговското право, давањето правни совети на странски инвеститори, работни односи, банкарство и финансии, енергенси и инфраструктура како и фармација и здравство од аспект на правото. Убаво беше да се слушне од нив за она што е неопходно да го поседува еден модерен адвокат, а тоа е комбинација од активно говорење и пишување на странски јазици, пред се на англискиот и германскиот, поседување на комуникациски вештини и секако познавање на позитивно – правните прописи.

02.12.2019

Изработка на дрон

На 22 ноември 2019 година беше одржана промоција на дронот кој беше изработен во рамките на проектот „Изработка на дрон“. Овој проект беше првонаграден на јавниот оглас „Предизвик за младии стражувачи #1“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој. Носител на идејата и водич на тимот за проектот е ученикот Марко Лазетиќ, кој оваа учебна година е студент. Други членови на тимот се учениците Миро Зиноски и Стефан Стојановски, а ментор на проектот е Гордана Николовска. Изработениот дрон има капацитет да носи течност и да ја распрскува и иницијалната идеја за негова примена се со стои во тоа дека може да распрскува течност која што ќе ги лечи болните шуми. Со системот за управување и времето на летање, дронот е погоден за прскање на тешко достапни места. Во прилог е извештајот од промоцијата од ФИТР.

http://www.fitr.mk/mladi-istrazuvaci-poddrzani-od-fitr-izrabotija-dron/

29.11.2019

Школа млади Физичари

На ден 29.11.2019 на Природно математичкиот факултет во Скопје се одржа 43-та „Школа млади физичари“. Од нашето училиште зедоа учество учениците Никола Димитровски, Ања Панчевска и Мила Тодоровиќ од прва година, Ернес Реџиќ од втора година и Виктор Спиревски и Горјан Јанески од четврта година. Ернес Реџиќ со неговиот експеримент освои прва награда, ментор Елена Јордановска, а Ања Панчевска со освои трета награда, ментор Наташа Кочоска.

Посета на РЕК Битола и цементарница Усје

Во склоп на проектот RIS-ALICE: Al-rich industrial residues for mineral binders in ESSE region, учениците од втора година со проф. Кочоска Наташа, заедно со студентите од Технолошко-металуршкиот факултет, ги посетија РЕК Битола и цементарница Усје. По прошетката низ нив, учениците беа воодушевени од нивната технологија на работа, посебно на достигањата во доменот на заштитата на животната средина. Им благодариме на раководните органи и вработените за срдечниот пречек

29.11.2019

Меѓународен конкурс по Ликовна уметност

Меѓународен конкурс по Ликовна уметност на тема „Флора и фауна“, доделени дипломи за освоено прво место на Бојан Киселички од 1/3,и второ место за Димитар Пренџов 2/2,Матео Ефтовски 2/4,ментор:проф.по ликовно Лидија Грујиќ Пејковска

29.11.2019

Природата во склад со урбаното живеење

На ден 27. 11. 2019 год. во училишната библиотека на СУГС ,,Георги Димитров” беше одржана училишна работилница ,,Природата во склад со урбаното живеење” на која присуствуваа библиотекарите Андријана Апостоловска и Ивона Џамтовска- Јанкуловска од ЈУ Градска библиотека ,,Браќа Миладиновци”- Скопје. На работилницата учествуваа ученици од паралелките III-10 и IV-10. Тие работеа во две групи. Првата група ученици истражуваа и ги презентираа следните содржини: Јапонија во пролет – моќна магија на природата, Спатифилум, Најчисти градови во светот, Зошто лисјата ја менуваат бојата во есен?, Кои цвеќиња и растенија се садат во лето?, Растението ,,Бебешки солзи”, Тајниот јазик на цвеќињата. Втората група ученици изработуваа и презентираа содржини на хамер на две теми: ,,Дрвјата – зелен урбан мир” и ,,Дрвја кои најдобро го прочистуваат воздухот во урбаните средини”. Крајот го заокружи напишаниот наслов на табла во вид на уметнички графит испишан од ученикот Давид Димовски од III-10 клас.

Работилницата ја подготвија: Маја Темелковска – училишен библиотекар и дипл. шум. инж. Катерина Пренкова – професор по стручни предмети

27.11.2019

Испит по германски јазик за B2/C1 јазично ниво

На 27.11.2019 учениците од четврта година специјализирана германска паралелка полагаа јазичен испит за B2/C1 јазично ниво. Испитот се одржа во просториите на улилиштето. Усните испити се оджуваат на 10. и 11.12.2019. Со полагањето на овој испит учениците добиваат можност да се стекнат со јазична диплома.

27.11.2019

Конвенцијата за заштита на детските права

Во соработка со Народниот Правобранител на Република Северна Македонија, на 20.11.2019 ученици и наставници од нашето училиште учествуваа во свеченото одбележување на Денот на Детето и 30 годишнината од потишувањето на Конвенцијата за заштита на детските права.

На свеченоста која се одржа во Домот на АРМ, учениците Тамара Илиевска и Владимир под менторство на професорката Емилија Туфа беа успешни водители на настанот а учениците ликовната секција на училиштето под менторство на професорката Лидија Грујиќ Пејковска изработија прекрасни цртежи и постери кои беа изложени на ликовната поставка за време на настанот. По завршување на свеченоста учениците во заеднички марш се упатија кон Собранието на РСМ каде што на Претседателот на Собранието му беше врачена порака за заштита на детските права .

21.11.2019

Информација за едукативна работилница за родители

Нашиот училишен центар СУГС"Георги Димитров" Скопје, во контекст на успешна соработка со родителите на нашите ученици со цел континуирано да се одржува успешноста на воспитно-образовниот процес, како една можност за активно вклучување на родителите во училишниот живот ги понуди едукативните работилници за родители.

Според резултатите од спроведената анкета за време на првата родителска средба во месец септември оваа учебна година и заинтересираноста на родителите ќе бидат организирани следниве тематски работилници.

- На 27.11. во 18.00 едукативна работилница на тема „Безбедно училиште“ (видови насилство меѓу младите, чекори за превенција, последици од насилството врз личноста на ученикот, препознавање на жртви на насилство, реакции и справување со насилство).

- На 28.11. во 18.00 едукативна работилница на тема „Инклузивно училиште“ (индивидуален приод кон секој ученик,прифаќање на различности, подеднакви можности за учениците со попречености, поттикнување и мотивирање на надарените и талентираните ученици).

Работилниците ќе ги реализираат училишниот психолог и училишниот дефектолог.

Ова известување е дополнување на информацијата која беше пренесена од страна на класните раководители на втората родителска средба.

21.11.2019

Учество на конференцијата Европски ден на претприемачот – “Digital for Entrepreneurship“

На ден 20.11.2019 учениците од СУГС “Георги Димитров” земаа учество на конференцијата Европски ден на претприемачот-“Digital for Entrepreneurship” ,настан кој беше дел од European SME Week и се организира 11-та година по ред во Македонија. Учениците Виктор Стоименов, Бојан Милановски и Елена Андонова заедно со професорот по економија Љупчо Костадиновски беа дел од самиот настан. Главна цел на оваа конференција беше влијанието на дигитализацијата врз претприемништвото во Македонија и подршката од ФИТР во отварањето на нови мали и средни претпријатија. Организатори на овој настан беа European Business Association, Piksel и Град Скопје, а подржан и од Тиквеш и EOS Матрикс.

14.11.2019

Еколошка акција

На 14.11.2019 (четврток) во нашето училиште се одржа еколошка акција по иницијатива на Училишниот парламент, со цел одржување на чистотата во училишниот двор. Ученици, од трета и четврта година, земаа учество во оваа волонтерска активност со која придонесоа за прочистување на животната средина. Акцијата беше спроведена со селекција на лисјата и отпадот и нивна депортација на соодветно место под менторство на помошник директор за настава Ана Костовска.

14.11.2019

Ние и вие, рушење на стеротипите

Учениците од СУГС „Георги Димитров“ зедоа учество во конференцијата одржана по повод денот на толеранцијата на тема: Ние и вие, рушење на стеротипите, организирана од Иннер Вил Еуропеа клубот.

13.11.2019

Мојот град моја инспирација

Во чест на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Скопје во училишната библиотека на СУГС ,,Георги Димитров” беше одржан настан ,,Мојот град моја инспирација”. Содржината на настанот беше поделена во два дела: литературен час и историска работилница. На литературниот час учествуваа ученици од IV година гимназиско образование со лична творба за градот и интерпретација на колумната ,,Зошто го сакам Скопје?”. Историскиот дел од настанот го реализираа ученици од I година гимназиско образование. Тие истражуваа и презентираа на следните теми: Скупи, Скопското Кале, Старата скопска чаршија, Скопје како трговски центар во минатото, Историја на модерниот превоз во Скопје, Скопскиот земјотрес, Скопје на Кензо Танге, Музеј на Град Скопје. Настанот го подготвија: Маја Темелковска – училишен библиотекар, Марина Иванова – професор по македонски јазик и литература и Сузана Димитриевска – професор по историја.

13.11.2019

Учество на Меѓународен Ликовен конкурс за „13 Ноември"

Во чест на празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Скопје учениците од СУГС „Георги Димитров“ учествуваа на Меѓународниот Ликовен конкурс. Во прилог се дадени фотографии од доделувањето на дипломи на ученици од СУГС „Георги Димитров“-Скопје. Освоено прво место на учениците Немања Ацовиќ од I/1, Ања Спасовски од I/2, Лука Бошков од II/2 под менторство на наставникот по Ликовна уметност, Лидија Грујиќ Пејковска и трето место на Кристина Запрова од I/4,под менторство на наставикот Маријана Марионцу Симовска.

11.11.2019

Предавање на тема- заштита на правата на децата

На денешниот час по „Вовед во правото” кај професорот Александар Давидовски во СУГС „Георги Димитров”, имавме огромна чест како гостин да ја имаме заменичката Народен правобранител на РСМ - Васка Бајрамовск Мустафа. Дискутиравме за функцијата на Народниот правобранител како и за неговите задачи и обврски како лице на таа позиција. Имавме задоволство да бидеме запознаени со случаите од праксата за кои се грижи Народниот правобранител со посебен осврт на правата на децата

9.11.2019

Меѓуучилишен натпревар по италијански јазик

На 9.11.2019 година (сабота) во Мултимедијалниот Центар при Филолошкиот Факултет “Блаже Конески” во Скопје се одежа Меѓуучилишен натпревар по италијански јазик. Паралелно се водеше Втората национална дебата на професорите по италијански јазик, а по завршетокот се одржа Музичка ревија на италијански песни во изведба на ученици од основни и средни училишта и средни музички училишта каде што се изучува италијанскиот јазик. Од СУГС “Георги Димитров” на натпревар беа ученичките Анѓелина Петревска од III 7, Јана Белеска и Евгенија Трајковска од IV 7, додека на музичката ревија се претстави Катерина Јордановска од III 7 со песната “Како снег”. Ментор: проф. Наде Поп Гаврилова

4.11.2019

Првенство за млади на Град Скопје во шах

На 04.11. 2019 во хотелот Александар Палас се оддржа првенство на млади на Град Скопје во шах на кое учествуваа ученици од основните и средните училишта на Град Скопје. Од СУГС „Георги Димитров“ - Скопје учествуваа четворица ученика и тоа: Лазар Петровиќ, Ефтовски Матео, Дамјан Христовски во машка и Ефтовска Леа во женска конкуренција под менторство на проф. Бранко Аврамовски и ги постигнаа следните резултати Лазар Петровиќ прво место, Матео Ефтовски второ место, Дамјан Христовски осмо место, Ефтовска Леа најдобро пласирано ученичка. Учениците се здобија со медали и дипломи за освоените места.

1.11.2019

Седма студентска конференција „Енергетска ефикасност и одржлив развој“

Во периодот од 29.10.2019 до 1. 11. 2019 Здружение за истражување и промоција на енергетската ефикасност и одржливиот развој СКЕЕОР – Скопје во соработка со Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје и Град Скопје ја организираа Седма студентска конференција со наслов Енергетска ефикасност и одржлив развој. Главна цел на конференцијата беше подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, мерки и механизми за одржлив развој. За средношколците во рамки на конференцијата беше организирана постер сесија на темата Енергетска ефикасност и одржлив развој. Еден од клучните аспекти на конференцијата беше можноста за соработка помеѓу средношколците, студентите, истакнати професори и реномирани компании од областа. Покрај размената на искуства и знаење, се остваруваат контакти за идна соработка. Од СУГС „Георги Димитров“ - Скопје учествуваа учениците Марко Мојсов, Горјан Јанески и Виктор Спиревски под менторство на професорката Марија Велевска. Учениците со својот постер на тема „Електрични автомобили во Македонија“ освоија прва награда.

31.10.2019

Саем на студии во Франција

На ден 31 октомври 2019 година, учениците од трета година што изучуваат француски јазик го посетија настанот ,,Саем на студии во Франција" во НУБ ,,Св. Климент Охридски " каде што имаа можност да се запознаат со условите, процедурите и можностите за студирање во Франција.

18.10.2019

NASA Space Apps Challenge

Учениците од СУГС „Георги Димитров” земаа учество на овогодинешниот NASA Space Apps Challenge кој се одржа на 18-ти, 19-ти и 20-ти Октомври 2019 во просториите на НЛБ Банка. Учениците Марио Петкоски, Владимир Камбовски, Огнен Иванов, Матеј Спировски и Давор Шопар работеа на предизвикот “Build a Planet Workshop”. Тие направија прототип за игра која е наменета за деца од 5 до12 години. Целта на играта е едукативна, преку која најмладите ќе можат да се заинтересираат и да ги зголемат своите знаења за планетите и вселената. Учениците кои работеа на проектот беа потпомогнати од ментори со чија помош успеаа да го на прават прототипот и стекнаа пред се големи искуства во оваа дејност, како и многу нови пријателства.Овие ученици заедно со други ученици од СУГС “Георги Димитров” присуствуваа и на Space Tech Convention одржан во хотел“Александар Палас” од 21.10 до 23.10.2019 каде беа одржани презентации и панел дискусии на разни теми од страна на голем број инжинери, научници и бизнисмени кои придонеле во развојот на Space-индустријата, како Брус Питман, Бјанка Кефало, Давид Голдсмит, Марко Пискачев и др.

04.10.2019

МИО активности

На ден 4.10.2019 (петок) се реализираше активност од проект ,,МИО"под водство на проф. Емилија Туфа и проф. Надица Т. Јанева. Вкупно 24 ученици земаа учество во истата од кои 12 ученици беа од СУГС"Георги Димитров" и 12 од СГГУ"Здравко Цветковски" од албанските паралелки. Нивната задача беше да одат во посета на Старата Скопска чаршија со цел да се запознаат со занаетчиите во чаршијата и нивната дејност (златар,текстил,јорганџија). Учениците беа поделени во неколку групи и собираа информации преку разговори со занаетчиите, гледаа слики од поранешните времиња во чаршијата, дознаваа обичаи и сл. По скоро две недели, овој проект беше успешно завршен. На заедничка средба учениците ги обработија сите информации што ги собраа на македонски и на албански јазик. Проектот вклучуваше ученици од македонска и албанска национална припадност. Тие заеднички ги извршуваа задачите, но пред сè се дружеа и научија интересни факти, зборови итн.

05.10.2019

11 Октомври симбол на македонскиот народ

На ден 7. 10. 2019 год. во училишната библиотека на СУГС “Георги Димитров” беше одржан настан “11 Октомври симбол на македонскиот народ” Настанот опфати повеќе содржини: литературно читање, изложба и истражувачка работилница под наслов “Спомениците и музеите сведоци на настанот”. Литературното читање го реализираа ученици од IV-10 клас. Тие интерпретираа поезија од стихозбирката "Лесно како дишење" на современиот македонски поет Пантелеј Кондратјук. На изложбата се претставија ученици од I и II година гимназиско образование со свои цртежи во различни техники. Во продолжение учениците истражуваа и презентираа содржини за спомениците во Македонија потсетувајќи нѐ на спомен обележјата кои сведочат за борбата, храброста и желбата за слобода. Крајот го заокружи презентацијата за музеите во градот Скопје. Настанот го подготвија: Маја Темелковска - училишен библиотекар, Марина Иванова - професор по македонски јазик и литература и Лидија Грујиќ Пејковска - професор по ликовна уметност.

05.10.2019

Средношколски игри 2019

Настанот се одржа со цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел на подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје. Манифестацијата се оддржа на Водно на ден 05.10.2019/2020 во траење од 3 до 4 часа и учество имаа сите средни училишта во градот. Проектот содржеше различни активности (крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, еколошки зелени игри, забава, крос на машки 800м, женски 600м, квиз на знаење, натпревар по цртање, натпревар по креативно пишување, натпревар по фотографиски вештини, натпревар по ботанички знаења, графит, пикадо, технички вештини и актерска игра. Нашето училиште СУГС „Георги Димитров“ учествуваше на сите активности и освои прво место за креативно пишување, кроц машки 800м, прво место, златен медал, пикадо прво место, златен медал, графит трето место, бронзен медал. Со најмногу освоени места во сите области училиштето ја доби наградата пехар... Учениците беа под менторство на професорите: Јован Јанушески - Физика, Лидија Грујиќ Пејковска - Ликовна уметност, Маргарита Динева - Биологија, Бранко Аврамовски - Спорт. По завршувањето на натпреварувачкиот дел, следуваше забавен дел со музика, доделување на медали на најдобрите

Ученици со освоени медали:

1.Ангела Гиевска III год. - креативно пишување (прво место)

2.Марио Станишиќ II8 год. - крос,800м.машки (прво место)

3.Лазар Петровиќ III7 год. -пикадо (прво место)

4.Мартин Милошевски I год.-цртање графит (трето место)

2019

Олимпијада по француски јазик

Учениците од IV година од средното училиште СУГС „Георги Димитров“, беа дел од Олимпијадата по француски јазик, којашто се оддржуваше од 27 - 30 Септември во Кишињев, Молдавија. Учество земаа 6 ученици од кои двајца беа од нашето училиште. Ги прашавме Милан Јанкуловски и Катја Зендалски за нивното искуство таму и ни одговорија: “За нас двајца ова беше незаборавно и забавно искуство, таму се запознавме со деца од други земји, тоа нам ни помогна да се запознаеме со нивната култура, традиции како и начинот на кое функционира образованието во нивните земји. Воедно нам Олимпијадата ни овозможи да стекнеме нови знаења како и другарства и моментите таму ќе ги паметиме засекогаш.”

2019

Предизвик за млади истражувачи #1

Овогодинешниот наш матурант, а сега студент, Марко Лазетиќ, беше дел од настанот „Ден на граѓански организации“, организиран од Civica Mobilitas. Како поранешен успешен учесник на натпреварите кои ги спроведува СЗТК Народна техника - Скопје, Марко беше дел од нивниот штанд, каде што го претстави својот најнов дрон. Дронот е изработен со средствата кои нашето училиште ги доби од Фондот за иновации и технолошки развој, како победник на јавниот оглас „Предизвик за млади истражувачи #1“.

2019

Денови на колективно садење дрва во Македонија

Брат и сестра, самоиницијативно, донираа чемпреси високи 80цм во СУГС „Георги Димитров“, Скопје. Ги посадивме заедно, да растат и да си помагаат исто како и ние луѓето.

14.05.19

Отворен Ден

Oд 12-14 часот во нашето училиште ќе се организира отворен ден. Посетителите ќе можат да ги видат активностите преку кои нашите соученици ги развиваат своите знаења и афинитети. Дојдете и видете како учењето станува искуство, забава и задоволство.

16.09.2019

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА

На 16 септември 2019 година претседателите на класовите од IV година, земаа учество на настан по повод Меѓународниот ден на демократијата во Собранието на Република Северна Македонија.

Учениците беа поздравени од Претседателот на Собранието, а потоа следеше обраќање на добитниците на наградата за изработка на SPEAK OUT апликацијата, обраќање на активисти од Climate change movement - Macedonia и обраќање на претставник од ЦЕНТАР ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ -КРИК .

Целта на овој настан е да се даде на значење на различни форми на младински и граѓански активизам, без кој не постои ниту една демократија.

2019

„Предизвик за млади истражувачи #1“

Овогодинешниот наш матурант, а сега студент, Марко Лазетиќ, беше дел од настанот „Ден на граѓански организации“, организиран од Civica Mobilitas. Како поранешен успешен учесник на натпреварите кои ги спроведува СЗТК Народна техника - Скопје, Марко беше дел од нивниот штанд, каде што го претстави својот најнов дрон. Дронот е изработен со средствата кои нашето училиште ги доби од Фондот за иновации и технолошки развој, како победник на јавниот оглас „Предизвик за млади истражувачи #1“.

„Предизвик за млади истражувачи #1“