За училиштето

Историја

Училиштето е изградено во 1964 година по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, како помош од Бугарската Влада.Во него се образувани ученици од гимназиска струка се до 1984 година кога започнуваат реформите во образованието. Во 1989 година училиштето функционира во состав на ДСУ „Здравко Цветковски“ како еден училишен центар, а во него се сместени ученици од дрвопреработувачката струка. Во 1989 година дрвопреработувачката струка се одвојува како посебно училиште под името „Георги Димитров“. Во 1998 година повторно се воведува гимназиско образование, а во 2000 година и шумарска струка .

Free Bootstrap Template by uicookes.com

СУГС „Георги Димитров“ - Скопје се наоѓа во централното градско подрачје на главниот град, на територија на општина Карпош. Во училиштето се образуваат ученици од : - четиригодишно гимназиско образование -тригодишно и четиригодишно стручно образование: шумарско -дрвопреработувачка струка (техничар за мебел и ентериери, техничар за шумарство и пејзажна архитектура и дрвопреработувачка струка–столар ) Училиштето е партнер со Германија. Учениците во рамките на една специјализирана паралелка во сите четири години го изучуваат германскиот јазик со зголемен фонд на часови.

25 Училници.

Во учебната 2019/2020 година во гимназиско и стручно образование се запишани 1221 ученици.

Наставата е организирана во две смени, прва и втора година во една смена а трета и четврта година во друга смена.

Училиштето располага со простор и опрема кои ги задоволуваат стандардите за квалитетно изведување на наставата според наставните планови и програми кои се изведуваат во училиштето. Трендот на доопремување на училиштето со потребна опрема за изведување на теоретска и практична настава и понатаму ќе продолжи.