Скопје gdimitrov_sk@yahoo.com

Eurostronomia

За Проектот

Официјална веб страна на проектот:

http://schule.mallinckrodt-gymnasium.de/erasmus+/eurostronomia/index.html

Училиштето е добитник на проект насловен Eurostronomia од програмата Еразмус + за акцијата Соработка за иновација и размена на добри практики кој на учениците и на наставниците по физика од 8 учлишта од различни земји ќе им овозможи да работат заедно, со цел да ги подобрат знаењата и да споделуваат иновативни практики.

Во проектот, кој е со тригодишно траење, покрај нашето училиште учествуваат и училиштата Wellington School од Велика Британија, Mallinckrodt-Gymnasium од Германија, OGEC Saint Dominique од Франција, Zavod sv. Stanislava од Словенија, Colegiul National “Constantin Cantacuzino” од Романија, Средно општообразовалително училиште Емилијан Станев од Бугарија и Escola Secundaria Henrique Medina од Португалија.

01.10.2019

Мобилност во Португалија

Нашето училиште ја имаше можноста да учествува во проектот Еrasmus+ EUSTRONOMIA одржан во Еспосенде, Португалија.Оваа мобилност траеше од периодот 22.09.-27.09.2019 во која нашите ученици имаа можност да бидат дел од различни предавања и работилници со цел да го надоградат своето знаење. Исто така имаа и можност да ги посетат едни од најпознатите португалски градови како Порто, Брага и Лисабон и подобро да се запознаат со сите учесници на овој проект. Стекнавме многу долгорочни пријателства и ја почуствувавме гостопримливоста на португалската култура.Како си поминавме може да видите на следните слики

2.09.2019

Мобилност во Македонија

Овој транс-национален проектен состанок со учество на ученици беше одржан во Скопје, Македонија во периодот од 06.06-10.06.2019. Во овој проект земаа учество ученици и професори од осум европски држави и тоа од: Македонија, Франција, Романија, Бугарија, Португалија, Словенија, Шкотска и Германија. Целта на овој состанок за професорите беше разгледување на сработеното во текот на минатата година и планирање на активности за следната.Учениците работеа на изготвување на дизајн за речникот по астрономија и внесуваа зборови во истиот како и изработка на хронолошки преглед за развојот на настани во изминатите две години, значајни за астрономијата. Покрај тоа беше снимено кратко-метражно видео во кое беа интервјуирани ученците и професорите за очекувањата и придобивките од горе наведениот состанок. Исто така учениците имаа можност да ги набљудуваат ѕвездите и Месечината со високо-специјализирани телескопи во близина на Говрлево. Највпечатливиот момент за групата беше посетата на балканскиот бисер Охрид и запознавање со природните убавини, културата и традицијата на нашата земја.